Party: Дојди И Танцувај Со Нас!

> >
Дојди И Танцувај Со Нас!

Club: Beatrix Crew

Upcoming: 7
Date: 22.01.2018 17:00
Address: T.C. Zebra 5th floor, Skopje, Macedonia | show on the map »

Attend »

Party pictures

You will be the first one to know when pictures are uploaded!

Party: Дојди И Танцувај Со Нас!

• НОВА СЕЗОНА ВО БИТРИКС КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ ЦЕНТАР•

ЗДРАВО ТРИКСТЕРИ!
БИТРИКС ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ!
Она што е загарантирано од нас е: се разбира танц, премногу забава како и смеење, создавање спомени, премногу авантури, стегнати мускули, здрав дух,школа и инструкции од ДВОКРАТНИ СВЕТСКИ ВИЦЕ ШАМПИОНИ .

Дојди и биди Трикстер! Стани дел од нашето семејство и биди сведок на заедничките успеси и трофеи, биди сведок на квалитетен танц и техника и биди ГОРД за тоа што си ТРИКСТЕР!

За она кои сме ние, можеби и сте чуле. Сепак, за оние до кои не стасало градското шепотење, еве неколку информации:
* Битрикс се ДВОКРАТНИ СВЕТСКИ ШАМПИОНИ на ESDU Светското првенство во модерни танци (2015 и 2017 год)
* Добитници на награда „НАЈДОБРА КОРЕОГРАФИЈА“ на истиот натпревар
* Трократни финалисти на истиот натпревар со своите ЈУНИОРСКИ ГРУПИ
* Креатори на две танцови претстави: „Издигнување“ и „Делови“
* Креатори на единствениот танцов камп во Македонија, а воедно и на еден од најголемите танцови кампови на Балканот -„Битрикс Танцова Лига“
* Креатори на голем број видео проекти со своите групи кои можете да ги погледнете на нашиот Youtube профил
* Креатори на голем број танцови концерти низ годините
* Учесници во многу концерти и видео-спотови на музички ѕвезди, како и во реклами на реномирани компании: VIP, Skopsko и Skopsko Smooth, T-Mobile,

Во новата сезона се предвидени часови за:
- најмалите „Mini Kids“ (4-6 год) - x2h неделно
- дечиња (6-11 год) - x3h неделно
- јуниори (12-16 год) - x3h неделно
- возрасни (16+) - x3 неделно

Во нашиот културен центар се одржуваат часови по:
* ХИП-ХОП (за сите возрасти)
* РЕГЕТОН (за јуниори и возрасни)
* СОВРЕМЕН ТАНЦ (за јуниори и возрасни)
* BREAKDANCE (за сите возрасти)
* КАРДИО ФИТ (за јуниори и возрасни)
Дополнително децата добиваат:
* Технички часови за изучување на поединечни хип-хоп стилови
* Часови по импровизација (freestyle)
* Танцови работилници со наши и реномирани странски кореографи

Во престојната година се предвидени голем број на видео-проекти, танцови работилници, креативни работилници, интересни и забавни концепти, можност за работа со повеќе инструктори и изучување на повеќе стилови, натпревари, посета на танцови кампови и сл.

*****************************************************************************
ПРОГРАМА: МАЛИ ЅВЕЗДИ
Оваа година ја продолжуваме и нашата програма „Мали Ѕвездички“ која е шанса за сите мултиталенти кои сакаат да: танцуваат, пејат и глумат под раководство на Сара Николовска
*****************************************************************************

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ТРИКСТЕРИ
BE Yourself
BE Amazing
BE More
BE a Trixter!


КОНТАКТ